Италијанскиот тим Милан има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума. Според медиумите во Италија, новиот договор со 20-годишниот Италијански голман ќе биде со важност до јуни 2024 година.
Платата на Донарума исто така ќе биде зголемена со новиот договор. Во моментов младиот голман на „росонерите“ заработува по 6 милиони евра за сезона.
Овој договор кој во моментов го има италијанска надеж истекува во 2021 година. Во тековната сезона, Донарума играше 29 натпревари за Милан, во кои прими 23 гола.