Спортскиот директор на фудбалскиот состав Милан, Паоло Малдини, очекува дека ветеранот, Златан Ибрахимовиќ, ќе остане на „Сан Сиро“ најмалку уште една сезона.
Двете страни набрзо треба да ги започнат преговорите за продолжување на соработката а Малдини е убеден дека Швеѓанецот ќе продолжи да го носи дресот на „росонерите“. Популарниот Ибра кој во сезонава постигна 16 голови на 17 мечеви, се гледа како главна фигура во нападот.
Милан во моментов е лидер во Серија „А“ со освоени 49 бодови или два повеќе од градскиот ривал Интер.

