Медиумите на „Чизмата“ излегоа со најава дека Антонио Конте на крајот на сезоната ќе го преземе составот на Милан.
Италијанецот си замина од Тотенхем во март 2023 година и досега не успеа да пронајде нов ангажман. Доколку се остварат најавите и искусниот стратег се активира на клупата на седумкратниот европски шампион, тоа ќе значи негово враќање во татковината.
Конте претходно ги водеше Интер, Јувентус, Челзи и италијанската репрезентација.