Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милан му нуди нов договор на Чалханоглу, но тој бара двојно повеќе
    Фудбал

    Милан му нуди нов договор на Чалханоглу, но тој бара двојно повеќе

    risteBy riste08/01/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Милан продолжува да преговара за нов договор со играчот од средниот ред Хакан Чалханоглу. Тековниот договор на играчот истекува на крајот на летото оваа година.

    Според „Скај Спорт Италија“, „росонерите“ на 26-годишниот турски фудбалер му нудат договор, според кој ќе добива 3,5 милиони евра годишно. Од друга страна Хакан не е задоволен од ова, тој сака да заработуваи двојно повеќе – 7 милиони евра. Следната недела агентот на играчот за врска ќе пристигне во Италија на дополнителни преговори.

    Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид и Јувентус се заинтересирани за услугите на Чалханоглу. Играчот го носи дресот на Милан од 2017 година, а пред тоа ги бранеше боите на Баер Леверкузен, Хамбургер и Карлсруе.

    Оваа сезона Хакан Чалханоглу учествуваше на 16 натпревари од италијанската Серија А, постигна 1 гол од белата точка и 6 асистенции.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.