Италијанскиот гигант Милан работи на потпишување нов договор со дефанзивецот на данската репрезентација, Симон Кјаер. Според информациите на италијанските новинари, „росонерите“ начелно му понудиле одлуичен договор на Кјаер со важност до 2023 година.
Според новинарот Николо Шира, клубот веќе започнал преговори со 32-годишниот играч на данската репрезентација и наскоро се очекуваат првите информации околу ставот на данскиот капитен, кој влезе во последната година од договорот со Милан.