Во седиштето на УЕФА беа извлечени натпреварувачките двојки и за следната фаза од Лигата на Европа. Во ова натпреварување шеснаесет тима се борат за место во осминафиналето. Второпласираните екипи од групната фаза вкрстуваат со оние кои доаѓаат од елитното натпреварување, односно ЛШ.
Плеј-оф парови во Лигата на Европа:
Феенорд – Рома
Милан – Рен
Ленс – Фрајбург
Јанг Бојс – Спортинг Лисабон
Бенфика – Тулуз
Брага – Карабах
Галатасарај – Спарта Прага
Шахтјор Доњецк – Олимпик Марсеј

Директен пласман во осминафиналето преку првото место во групите обезбедија Аталанта, Вест Хем, Брајтон, Глазгов Ренџерс, Ливерпул, Виљареал, Славија Прага, Баер Леверкузен.
Плеј-оф рундата ќе се одигра на 16 и 23 февруари, а веднаш по комплетирањето е закажана ждрепката за осминафиналето.

