Германецот, Ралф Рангник, нема да седне на кормилото на фудбалскиот состав Милан, објавија медиумите во Италија.
Тренерот на РБ Лајпциг требаше да го замени Пиоли на крајот на сезоната, но, откако работите се искомпликуваа и предизвикаа недоразбирања на релација раководство-фудбалери, челниците на „росонерите“ веднаш се определиле да ја продолжат соработката со сегашниот тренер до јуни во 2022 година.
Тоа значи дека Рагник и понатаму ќе остане во германскиот елитен состав и нема да се активира во Серија „А“.

