Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да биде казнет од управата на клубот за инцидентот на четвртфиналниот натпревар во Купот на Италија со Интер (1:2), пренесува „Фудбал Италија“.
Милан одлучи да не го казни Швеѓанецот, но Серија А сеуште нема решено каква казна ќе добие Ибрахимовиќ. Претходно, Златан имаше состанок со раководството на клубот од Милано. Фудбалерот им објасни на челниците на клубот за неговиот дуел со напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. Ибрахимовиќ влезе во конфликт со белгискиот напаѓач на крајот на првото полувреме. Во средината на второто полувреме на четвртфиналниот натпревар од Купот на Италија, тој направи прекршок и беше исклучен по вториот жолт картон.
Ибрахимовиќ по натпреварот им се извини на навивачите за исклучувањето, а исто така рече дека „нема место за расизам во светот на Златан“.