Францускиот фудбалски гигант, ПСЖ, испратил понуда од 50 милиони евра за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, но, „росонерите“ веднаш ја одбиле.
Според наводите на италијанските медиуми, екипата од Милано деновиве започнала преговори со 23-годишниот дефанзивец за продолжување на соработката со чително зголемување на платата.
Младиот фудбалер кој сега добива по 2 милиона евра по сезона, со новиот договор ќе добие 4,5 годишно.