Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан ќе направат голема реконструкција во текот на летото.
Тие тврдат дека тренерот, Серхио Консеисао, ќе си замине и дека „росонерите“ со ново име на клупата ќе ја започнат наредната сезона. Италијанскиот тим сака да направи и големи промени во ростерот и планира да купи 5-6 фудбалери.
Прв на листата е Сандро Тонали од Њукасл. 24-годишниот играч од средниот ред беше дел од Милан пред да се пресели на „Сент Џејмс Парк“ во 2023. Покрај него се споменуваат и Самуел Ричи од Торино , Лоренцо Лука (Удинезе) и Џовани Фабијан од екипата на Болоња.

