Милан е подготвен да се вклучи во битката за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард. Договорот на Англичанецот истекува на лето и од „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе добијат понуди за него во зимскиот преоден рок за да не го пропуштат без обештетување, пренесува „EСПН“.
За Лингард е заинтересиран и неговиот поранешен клуб Вест Хем, каде минатата сезона остави одличен впечаток за време на позајмицата. Сепак и Милан ја следи ситуацијата и е подготвен да даде предлог до „црвените ѓаволи“. Лингард (28) беше подготвен да го напушти „Олд Трафорд“ летото, но тогаш менаџерот Оле Гунар Солскјер лично го убеди да остане.
Од почетокот на сезоната, играчот од средниот ред играше доста ретко, има одиграно 8 натпревари и 2 гола, но во повеќето од нив влегува како резерва. Затоа се чини дека што поскоро ќе бара нов предизвик. Манчестер Јунајтед му одреди цена од 12 милиони евра и е подготвен да го продаде на секој што ќе биде подготвен да го плати овој износ.