Челниците на фудбалскиот состав Милан ќе се обидат да им ги продолжат договорите на двајца значајни првотимци – Бенасер и Рафа Леао, објавија денеска медиумите во Италија.
Бенасер е мозок на екипата со неговите блескави партии на средината на теренот додека Леоа е главниот реализатор кај „росонерите“.
Двајцата имаат договори до 2024 година, но, челниците на тимот сакаат да ги задржат многу подолго.