Изминатите денови управата на Милан се сретнала со агентот на Анте Ребиќ, а целта на средбата била да се договорат за неговиот престој во клубот со постојан договор.
Минатото лето, хрватскиот репрезентативец пристигна на позајмица за две години од Ајнтрахт (Франкфурт). Во својата прва сезона на „Сан Сиро“, Ребиќ постигна 12 голови на 30 натпревари. Двата клуба исто така мора да се договорат за висината на трансферот.
За напаѓачот е заинтересиран и тимот на Фиорентина. Тој беше во сопственост на „виолетовите“ во периодот 2013-2018 година, но тогаш тие го продадоа во Ајнтрахт за само 2 милиони евра.
Фудбалерот беше дел од селекцијата на Хрватска на СП во Русија, каде завршија на второто место. Во својата кариера, 26-годишниот играч ги носеше дресовите на РБ Лајпциг, Верона и РНК Сплит.

