Милан планира да го ангажира играчот за врска на Порто,Отавио. Ова го објавува новинарот Николо Шира.
Милан е во преговори со агентот на 25-годишниот Бразилец. Фудбалерот на крајот на сезоната може да стане слободен агент. Според изворот, Отавио очекува да склучи договор со Милан до 2025 година со плата од 3 милиони евра по сезона, додека италијанскиот клуб нуди 2 милиони евра.
Оваа сезона од португалскиот шампионат, Отавио одигра 11 натпревари, постигна 2 гола и 4 асистенции. Во зимскиот преоден рок, Милан донесе три нови играчи, а меѓу нив е и Марио Манџукиќ, кој беше ангажиран како слободен агент. Милан исто така бара нов лев бек кој ќе го замени Тео Хернандез.