Милан постигнал договор со Клуб Бриж за трансферот на Шарл де Кетелар, пренесува „Скај Италија“. Овој играч ќе го чини Милан 35 милиони евра плус бонуси.
Двете страни моментално ги финализираат последните детали од зделката и провизиите, а самиот фудбалер денеска не тренираше со тимот бидејќи ги договарал личните услови. Младиот фудбалер беше една од главните трансфер цели на Милан ова лето и се очекува зделката да биде комплетирана до крајот на неделата. Де Кетелар има само 21 година, но веќе има 120 настапи со 25 гола и 20 асистенции за белгискиот шампион.
Го бараа и Лестер и Лидс Јунајтед, но тој јасно стави до знаење дека сака да се пресели во шампионот на Италија. Де Кетелар ќе стане второто ново засилување на Милан ова лето по потписот на Дивок Ориги од Ливерпул.