Според италијансиот венсик La Gazzetta dello Sport, актуелниот шампион во Серија А, Милан разговарал со Рафаел Леао за потпишување нов договор и португалскиот репрезентативец наводно се согласил да го продолжи својот престој во клубот за уште пет години.
Потпишувањето на новиот договор беше одложено поради барањата на Спортинг Лисабон кому играчот му должи 16,5 милиони евра како обештетување затоа што ги напуштил во 2018 година и му се приклучил на Лил со слободен трансфер. Но, сега Милан имал позитивни разговори со португалскиот клуб и прашањето се решава на пријателски начин.
Со новиот договор со Милан, Леао ќе заработува 7 милиони евра годишно.