Челниците на фудбалскиот состав Милан најверојатно ќе успеат да го убедат Марко Ѕампаоло да ја преземе диригентската плака на клупата откако Џенаро Гатузо си замина од „Сан Сиро“ објавија медиумите во Италија.
Наводно, 51-но годишниот стратег на Сампдорија се согласил да се пресели во Милано а екипата од Џенова нема да му прави пробелми и ќе му дозволи да го напушти тимот. Шпекулациите велат дека Ѕампаоло ќе потпише договор со „росонерите“ за наредните две години со опција соработката да продолжи и уште една сезона доколку тимот ги има посакуваните резултати.
Целата работа треба да биде завршена в понеделник по состанокот во Џенова на кој ќе бидат присутни и претставниците на Милан.