Играчот од средниот ред на Челзи, Хаким Зијеш, може да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А.
Милан е клубот кој сака да го добие 28-годишниот фудбалер, објавија дел од италијанските медиуми. Хаким Зијеш е број еден на приоритетната листа на крилните играчи. Сепак, досега „росонерите“ не дале понуда до Челзи, бидејќи сметаат дека е поважно засилувањето на другите позиции. Исто така, проблемот лежи во финансискиот аспект. Зијеш ја започна својата кариера во Холандија, каде играше за Херенвен и Твенте, а потоа помина четири години во Ајакс.
Минатото лето Мароканецот беше купен од Челзи. Износот за трансфер беше 40 милиони евра. Минатата сезона, играчот за врска учествуваше на 23 натпревари од англиската Премиер лига, постигна два гола и три асистенции.