Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората ќе се пресели во Милан, објавија извори блиски до клубот.
Според информациите, раководството на „росонерите“ е сериозно заинтересирано да ангажира играч кој има искуство во Серија А, а Мората веројатно е повеќе о ддобра опција.
Мората двапати играше за Јуве – од 2014 до 2016 година и од 2020 до 2022 година. 30-годишниот Шпанец оваа сезона забележа 42 настапи за „јорганџиите“ и постигна 15 гола и забележа 3 асистенции. Милан веќе имал првични разговори со Шпанците, но не е јасно дали е постигнат некаков договор.