Милан наводно тргна во поход на потписот на Данецот Јеспер Линдстром, кој го носи дреот на германски Ајнтрахт (Ф).
Италијански Calciomercato пишува дека спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини внимателно го следи Линдстром на настапите во Лигата на шампионите и во него гледа голем потенцијал за Милан следната сезона.
Медиумите пишуваат и дека клубот ги истражува можностите летово да го ангажира Линдстром, но преговорите би почнале по завршувањето на сезоната.