Милан тргнува по ангажман на нов напаѓач. Според инталијански извори, „росонерите“ се заинтересирани за напаѓачот на Ленс, Лои Опенда.
Според информацијата на „Газета дело Спорт“, екс-шампионот на Италија го гледаат 23-годишниот Белгиец како можно засилување за следната сезона и сериозно освежување на напаѓачкиот ред, кој оваа сезона беше можеби и најслабиот дел од тимот.
Трансферот на Опенда е проценет на 25 милиони евра. Фудбалерот оваа сезона за Ленс одигра 36 натпревари и постигна 19 гола со 3 асистенции.