Милан по вторпат во последниве 10 години успеа да собере 80 бода во домашното првенство. „Росонерите“ последен пат тоа го сторија во сезоната 2011/12 кога завршија на второто место во Серија А.
Милан тогаш по 38 кола имаше 80 бода а сега има толку по 36 и ќе може да го зголеми бодовното салдо на последните два првенствени меча. Во 2012 година, Јувентус стана шампион на Италија со 84 бодови.
Четата на Пиоли е многу блиску до првата титула во Серија А гледано од 2011 година. „Росонерите“ се лидери на табелата со 2 бода предност во однос на бранителот на титулата, градскиот ривал Интер.