Тренерот на фудбалерите на Марибор, Дарко Миланиќ, по вчерашното реми на домашен терен со Лудогорец (2:2) што значеше и елиминација од Лигата на Европа, посочи дека неговите фудбалери имале шанса за победа.
Првата средба во Бугарија заврши 0:0 а по реваншот одигран во Словенија, екипата на Лудогорец си обезбеди место во групната фаза благодарение на правилото за постигнат гол на гостински терен.
„Противникот ги казни нашите грешки во првиот дел. Бевме нервозни и не ги најдовме вистинските решенија во нападот. Во второто полувреме одигравме многу подобро, постигнавме два гола и бевме блиску до пресврт, но, за жал не успеавме“ – изјави Миланиќ.