Селекторот на одбојкарите, Јошко Миленкоски, подготовките за летните активности ќе ги започне со 16 репрезентативци откако избриша шест од првично објавениот список. Прв предизвик за Македонија во наредниот период ќе биде Златната Европска лига.

Подготовките на одбојкарите ќе започнат на 15 мај во Струмица.

