Непознати лица влегле во куќата на напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер , за време на вчерашниот меч со Барселона од 2. коло од групната фаза на Лигата на фудбалските шампиони, пренесува Билд.
Според изворот, напаѓачите украле пари, накит и други вредни предмети. Штетата се проценува на шест цифри. Полицијата започнала истрага но, не нашла трага од разбојниците.
Милер со неговиот Баерн Минхен се наоѓа на челната позиција во групата „Ц“ пред Барселона, Интер и Викторија Плзен.