За првпат откако се појавија гласините за негово заминување од Баерн (М), се огласи и ветеранот во составот на баварците, Томас Милер.
Напаѓачот на Баерн Минхен јавно ги коментираше гласините за негово можно заминување од тимот, велејќи дека не размислувал за тоа и планира следната сезона да игра за Минхен.
„Дали му кажав на раководството дека следната сезона ќе играм за Баерн? Да. Барем нашиот разговор оваа недела помина на позитивен начин. Ние зборуваме за тоа цело време. Понекогаш дури и на масата во кујната. Но, овој пат тоа беше во канцеларијата на Оливер Кан. Разговаравме за ситуацијата во клубот и за мојата иднина. Всушност, не е се толку драматично како што можеби изгледа. Мислам дека е сосема нормално она што луѓето го пишуваат за мене. Не размислувам да заминам. Се бориме за титулата, моето срце е поцрвено од црвено“, вели Милер во најновата изјава.