Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, враќањето во германската репрезентација за Евро 2020 го гледа како краткорочна авантура. Напаѓачот кој доби повик од селекторот, Јоаким Лев, не сака да открие дали и по континтеланиот собир ќе остане дел од „панцирите“.
„Не сакам да размислува што ќе биде по европското првенство. Среќен сум што ќе имам можност да и помогнам на Германија“ – вели Милер.
„Работите се променија од 2019 година, сега сите сме обединети за тоа што не чека“ – изјави Милер. Неговата селекција в пресрет на Евро-шампионатот се подготвува во базата во Австрија.

