Баерн Минхен вчера изненадувачки загуби кај Вилјареал со 1:0 во првиот меч од 1 /4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Напаѓачот на Баварците, Томас Милер, призна дека неговиот тим не бил на посакуваното ниво.
„Немавме доволно енергија, не направивме вистински шанси. Можевме да загубиме и поубедливо“ – беа дел од зборовите на Милер.
„Вилјареал е сериозен тим. Ќе мора добро да се подготвиме за реваншот. Ние сме сепак Баерн Минхен“ – изјави Милер.