Ветеранот во редовите на Баерн Минхен, Томас Милер, вели дека со големо нетрпение очекува да го види новиот стадион – „Сантијаго Бернабе“.
Неговиот тим утре ќе му гостува на Реал Мадрид во реванш-мечот во 1/2 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Првиот дуел во Германија заврши нерешено 2:2.
„Не e случајно што Реал Мадрид во последниве години постојано се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Ефикасноста е исклучително важна во фудбалот“ – вели Милер.