Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер ги сподели своите очекувања за реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ.
„Би биле среќни да создадеме многу шанси како на првиот натпревар. Во критичните периоди, треба да донесеме подобри одлуки. Ја завршивме анализата и се надевам дека ќе можеме да ги вметнеме резултатите во играта. Ќе пристапиме на натпреварот како што обично го правиме тоа. Ние нема да брзаме со глава низ ѕид во нападот, но ќе се обидеме да постигнеме брз гол во раната фаза од мечот“, изјави Милер за веб страната на УЕФА.
Да потсетиме, првиот натпревар заврши со победа на ПСЖ со резултат 3:2, а реваншот се игра утре, 13 април, во Париз (Франција).