Македонската фудбалска репрезентација ја продолжи победничката низа во Лигата на нации, откако синоќа во Скопје со 1:0 ја победивме и Летонија. На прес-конференцијата по мечот, селекторот Милевски уште еднаш им честиташе на фудбалерите и најави атак на нови три бода против Фарските Острови в недела.
„Честитки за фудбалерите, за истрајноста и трпеливоста. Едноставно момците беа решени да го добијат овој меч, имавме шанси да го затвориме и порано, но не реализиравме неколку добри шанси. Одбраната секако беше ниво. Повторно не примивме гол. Со евентуалната победа против Фарски Острови ќе имаме привилегија по вторпат да бидеме дел од баражите за светско. Прво и основно е да се освојат тие три бода, но сигурно ќе биде уште потешко од денес“, изјави селекторот Милевски.

