Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: Да бидеме здрави и да го дадеме максимумот и на двата меча
    Фудбал

    Милевски: Да бидеме здрави и да го дадеме максимумот и на двата меча

    sasoBy saso09/11/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска на прес-конференција го објави списокот на повикани фудбалери за престојните средби со Италија и Англија и збворуваше за очекувањата од двомечот кој следува на 17 и 20 ноември.

    „Списокот е ист од минатиот пат, ме радува што со нас по подолга пауза поради повреда е и Тихо Костадинов. Се радувам што сите се здрави и верувам дека така ќе биде и по овој викенд во кој сите играат за своите клубови. Ниеден натпревар не наликува на претходниот. Со Италија не очекува поинаков меч од оние претходните. Во текот на подготовките во два дена ќе се договориме за начинот на кој ќе одиме на дуелот во Рим. Не сме во ситуација да се штедиме, прво мислиме на Италија, а после на Англија. Барем физички да бидеме подготвени, иако имаме проблем, бидејќи некои играчи немаат минутажа за своите клубови. Ќе се обидеме да го извлечеме максимумот“, вели селекторот на нашата селекција.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар поразен во Кратово, Струга подобра од Воска Спорт

    06/12/2023

    Артета доби суспензија од еден натпревар

    06/12/2023

    Куртоа нема да игра на ЕП 2024

    06/12/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Јашари и оваа година е снукер-шампион на Македонија
    • Вардар поразен во Кратово, Струга подобра од Воска Спорт
    • Артета доби суспензија од еден натпревар
    • ЛА Клиперс ќе мора да го трејдуваат Расел Вестбрук
    • Куртоа нема да игра на ЕП 2024
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.