Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: Да го покажеме нашиот квалитет и да не зависиме од играта на противникот
    Фудбал

    Милевски: Да го покажеме нашиот квалитет и да не зависиме од играта на противникот

    risteBy riste06/09/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Пред денешниот официјален тренинг во Торшавн, на прес-конференцијата зборуваа селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и капитенот Енис Барди. Почетокот на четвртиот циклус на Лигата на нации е пред нас , а на гостувањето кај Варски Острови се осврна селекторот Милевски

    „Ни следи првиот натпревар, а тој секогаш е тежок. Фарски Острови е квалитетен тим, дисциплинирани се и затоа имаме максимална почит кон нив. Сепак, наша јасна цел е првото место во групата на Лигата на нации. Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот. Во минатото издание на Лигата на нации, Фарски Острови ја победија Турција, а тоа не е мала работа. Временските услови се такви какви што се. Не е лесно да се адаптирате од 35 на 12 степени. Затоа дојдовме ден порано и верувам дека ќе бидеме спремни. Мислам дека ќе се прилагодиме на сите услови и ќе го покажеме нашиот квалитет“, истакна селекторот Благоја Милевски.

    На прес-конференцијата во Торшавн, зборуваше и нашиот капитен Енис Барди кој рече:

    „Сите сме свесни што ни следи и направивме детална анализа за овој натпревар. Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои  потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу. Не треба да бараме алиби и како и секогаш да бидеме максимално фокусирани на нашата игра. Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме“ изјави Барди.

    Средбата меѓу Фарски Острови и Македонија се игра утре (сабота) во Торшавн со почеток во 15 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.