Македонија и Романија вчера одиграа 0:0 во квалификациите за Мундијалот во Катар а нашиот селектор, Благоја Милевски, вели дека е задоволен од играта гледано и на претходните мечеви со Ерменија и Исланд.
„Без разлика на сè, Македонија на три натпревари во историјата нема одиграно таков фудбал. Немам ниедна забелешка за ниту еден фудбалер. Не само што сите го дадоа максимумот, туку одиграа фудбал кој е задволство да се гледа, барем од моја гледна точка. Секоја чест за момците“ – вели Милевски.
Новиот дел од квалификациите за СП ќе биде во октомври. На 8-ми ние ќе гостуваме кај Лихтенштајн додека на 11 ќе ја пречекаме Германија.