Македонија денеска го совлада Гибралтар со 4-0 и остана во трка за челната позиција на табелата во „Ц“ сегментот во Лигата на Нации откако Грузија и Бугарија ремизираа без голови. Селекторот на нашите фудбалери, Благоја Милевски, вели дека без разлика на резултатот во Тбилис, треба да жалиме за поразот од Грузијците во Скопје.
„Загубивме како што загубивме а што ќе се случува до крајот останува да видиме. Јас сум задоволен од момците, покажаа пристап кој мора да се пофали“ – вели Милевски.
„Им честитам на момците за желбата за успех, им благодарам на сите што беа дел од овој камп бидејќи издвоија дел од деновите за одмор за да и помогнат на репрезентацијата. Сите имаат потенцијал. Не би издвојувал никој поединечно, задоволен сум од сите од пристапот и односот“ – изјави Милевски.