Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: Фудбалерите со ваква игра покажаа дека со право се тука
    Фудбал

    Милевски: Фудбалерите со ваква игра покажаа дека со право се тука

    risteBy riste11/09/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија славеше во многу важниот натпревар против Ерменија од Лигата на нациите, а победата е уште по значајна откако мораше да играат со играч помалку во второто полувреме. Македонија ја победи Ерменија со 2:0 , а по натпреварот на прес-конференцијата зборуваше селекторот Благоја Милевски. Тој нагласи дека е горд на своите фудбалери и ја посочи важноста на одиграниот натпревар. 

    „Фудбалаерите уште еднаш покажаа и докажаа дека со право се тука. Секоја чест за нив и капа доле. Напоменав и на вчерашната прес-конференција, овие момци познавајќи ги како карактери многу години, секогаш кога имале притисок на себе и кога морале, биле на висина на задачата и над тоа. Уште еднаш покажаа дека сум во право и уште еднаш секоја чест.

    Направивме корекции по црвениот картон, формациски и во играта. Што да им кажам на вакви фудбалери, освен да веруваат во сопствениот квалитет и дека можат да победат. Кажав и на почетокот на оваа Лига на нации, пред мечот со Фарски Острови и сега ќе кажам дека нè очекуваат шест подеднакво важни дуели. Не значи дека по денешната победа ќе бидеме први, нè очекуваат уште четири меча. Како ќе завршиме во ноември ќе видиме, се надевам на првото место. Секој натпревар е посебна приказна за себе, историјата не мора да значи ништо за следните предизвици.

    Ни недостигаше енергија во првиот натпревар, особено во првиот дел. Кога направивме корекции, изгледавме добро и според планот, дадовме гол и не реализиравме шанси. На денешниот меч го имавме тој момент на агресивност, решителност и самодоверба во дефанзива и при организација на напад. Натпреварувачката форма не ми е ниту малку важна, ако сите играат вака и се тука за Македонија без оглед на ситуацијата во клубовите“, изјави Благоја Милевски. 

    Македонија во октомврискиот прозорец за репрезентативни натпревари ќе има две гостувања, најнапред гостува во Летонија (10 октомври), а потоа можеби и на клучниот меч кај Ерменија кој ќе се игра на 13 октомври.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.