Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски дополнително прати повик за двајца играчи за претстојните контролни натпревари против Финска (17.11) и Азербејџан (20.11).
Повик во најдобрата селекција добија Мартин Мирчевски (Бачка Топола) и Дориан Бабунски (Дебрецен). Двајцата во понеделник ќе се стават на располагање на националниот тим.
Мирчевски игра во одлична форма во српската Суперлига во дресот на Бачка Топола, додека Бабунски доаѓа со постигнат гол во унгарскиот шампионат.
Поради повреда, покрај веќе потврдено отсуство на Александар Трајковски, ќе отсуствува и напаѓачот Милан Ристовски кој се повреди на последниот натпревар за Спартак Трнава и беше заменет.

