Селекторот, Благоја Милевски, по поразот од Португалија, вели дека репрезентацијата е на добар пат да направи пробив кон врвот на Европа.
„Треба да се гордееме со момците од септември до денес. Тие носат голем потенцијал и талент и се на добар пат да се доближат до најдобрите во Европа. Честитки за Португалија за победата и пласманот на Светското првенство. Задоволен сум и горд на моите играчи“, изјави Милевски.
„Да бидам искрен, иако игравме во финалето и ја победивме Италија, се уште не сме таму каде што се овие селекции. Натпреварите во Порто и Палермо можат да ни помогнат да се доближиме до врвот на Европа“ – вели Милевски.