Селекторот, Благоја Милевски, ќе тренира со 29 фудбалери за претстојните јунски мечеви против Украина и Англија во рамките на квалификациите за Европското првенство.

Дебитант е Сефер Емини додека од стандардните ги нема повредениот Бојан Миовски како и Кире Ристевски, Стефан Спировски и Бобан Николов поради мала минутажа.
Мечот со Украинците ќе го одиграме на 16 јуни во Скопје додека три дена подоцна ќе гостуваме кај Англија.

