Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, денеска на средба со новинарите го објави списокот на репрезентативците за престојниот бараж против Италија за место на Мундијалот во Катар.
На списокот се ставени и суспендираните Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои нема да може да играат против европскиот првак Италија, но, ќе бидат во комбинација доколку обезбедиме пласман во завршниот бараж против подобриот од мечот Турција-Португалија.