Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски го објави списокот за мечот со Фарски Острови
    Фудбал

    Милевски го објави списокот за мечот со Фарски Острови

    risteBy riste30/08/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го одреди списокот на фудбалери на кои ќе смета за првиот натпревар против Фарски Острови од квалификацискиот циклус за Европското првенство (ЕП) во 2021 година.

    За дуелот кој го играме на 10. Септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот Милевски повика 25 фудбалери, меѓу нив дебитанти ќе бидат Томче Гроздановски од Злате Моравце и голманот на Академија Пандев, Давид Денковски.

    „На овој состав се 17 играчи од последниот натпревар со Финска, тоа што го видовме на тој контролен дуел ни даде слика дека имаме квалитет и потенцијал. Тоа се фудбалери на кои најмногу ќе сметаме во овој циклус. За жал не може да сметаме на повредените Дејан Миловановиќ (Академија Пандев) и Ениз Фазлагиќ (Жилина), но  се надевам дека брзо ќе се опорават и ќе се стават на располагање на клубовите и репрезентацијата“, изјави Милевски.

    Според Милевски ова е  најдоброто од младата селекција на Македонија во моментов, а потенцираше дека Фарски Острови воопшто не е наивна селекција и ќе треба максимално да се потрудиме за да ја совладаме.

    „Фарски Острови според играта мене ми наликуваат на Исланд. Според начинот на игра и физичките предиспозиции. Јасно е дека ако сакаме позитивен резултат, мора да се потрудиме да дадеме максимум и да бидеме на највисокото ниво и да победиме“ додаде Благоја Милевски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико

    30/09/2023

    По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме

    30/09/2023

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико
    • По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме
    • Лина Ѓорческа ќе игра финале во Србија
    • Заборски и Стојановиќ во битка за бронза на Светската карате Премиер лига
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.