Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски го објави списокот за првиот меч со Малта во квалификациите за ЕП 2024
    Фудбал

    Милевски го објави списокот за првиот меч со Малта во квалификациите за ЕП 2024

    sasoBy saso15/03/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска на прес-конференција го објави списокот на повикани фудбалери за престојниот натпревар со Малта од стартот на квалификациите за ЕП 2024. На листата се најдоа 28 фудбалери, меѓу кои има и неколку нови имиња. На списокот ги нема Николов и Спировски поради лоша форма, како и повредените Серафимов, Дориев и Костадинов.

    „Што се однесува до репрезентацијата на Малта се знае дека аутсајдери не постојат во денесен фудбал. Ние нашиот квалитет мора да го покажеме на терен. Ме радува што се очекува од нас победа и ќе напраиме се што е во наша можност со успех да ги стартуваме овие квалификации. Факт е дека одреден број на играчи, особено оние кои ни се носители, немаат голема мунутажа. Изборот е тој, играчите се тие, немаме голем избор. Костадинов, Серафимов и Дориев поради повреди, Тодоровски поради црвен картон со Бугарија отпаднаа. Николов и Спировски поради лоша форма не се тука, но не значи дека се избришани. Давор Здравковски со своите настапи заслужи повик. Се наогаме во многу тешка група, но Македонија има квалитет да се носи и со поквалитетни селекции“, истакна селекторот на нашата репрезентација.

    Првиот собир на фудбалерите е на 19 март во Скопје.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.