Македонската репрезентација до 21 година на почетокот од следниот месец ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 3. септември ја пречекува Шпанија (18:45 часот, Национална арена „Тодор Проески), додека на 8. септември гостуваме на Фарски Острови.Селекторот на македонската репрезентација повика 24 играчи на списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за настап на двата натпревари. Шестмина се дебитанти, отпаднаа Јани Атанасов и Емил Абаз (сеуште без клубови) и Хајдари поради повреда.
ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марио АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев);ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Истра, Хрватска), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Ване ЈОВАНОВ (Академија Пандев), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Марио МЛАДЕНОВСКИ (Фремад Амагер, Данска);СРЕДЕН РЕД: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ, Кипар), Кристијан АЦКОВСКИ (Брегалница), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Димитар ТОДОРОВСКИ (Работнички), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција);НАПАД: Милан РИСТОВСКИ (Ријека, Хрватска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Штутгарт, Германија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Академија Пандев), Давид ТОШЕВСКИ (Ростов, Русија), Марко ЃОРГИЕВСКИ (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим ФАЗЛИУ (Пелитер).
„Поради промената во системот за натпреварување и начинот за пласман на Европското првенство, (првопласираните по група и петте најдобро пласирани втори репрезентации обезбедуваат место на ЕП), не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме да освоиме колку што е можно повеќе бодови до крајот од квалификацискиот циклус. За овие натпреаври ќе ни недостасуваат, односно нема да сметаме на Јани Атанасов и Емил Абаз, фудбалери кои сеуште го немаат решено клупскиот статус, а поради повреда го немаме ниту Хајдари. Неизвесен е и настапот на Серафимов, но се надевам дека ќе се опорави од повредата, веќе е во тренажен процес и ќе биде во конкуренција за настап. Имаме неколку дебитанти, Алчевски, Тодоровски, Тошевски, Младеновски, Шеји и Фазлиу кои се надевам дека ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот и ќе дадат придонес во нашата игра. Шпанија е голем фаворит, не треба да се потенцира посебно нивниот квалитет, но јас се надевам дека ќе бидеме на нивото од првото полувреме од нашиот меѓусебен дуел во Шпанија и квалитетно ќе се спротивставиме, изјави Благоја Милевски.