Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: „Горди сме, но жалиме што пропуштивме да играме на уште едно ЕП“
    Фудбал

    Милевски: „Горди сме, но жалиме што пропуштивме да играме на уште едно ЕП“

    risteBy riste17/11/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година победи на последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2021 година на меч против Црна Гора со 2:1.

    Селекторот Благоја Милевски по натпреварот кажа дека жали за пропуштената шанса и оваа генерација да игра на уште едно големо натпреварување.

    „Момците покажаа дека немаат само квалитети и потенцијал, туку и фактор плус. Штета за оваа генерација, која остана без пласман на Европско првенство. Задоволително ќе беше барем да одиграат барем плеј-оф. Форматот се промени на половина од овие квалификации, а тоа е голема штета. Треба да бидеме горди на момците и тоа што тие го покажаа во овој циклус. Не е мала работа да се освојат 18 бода во ваква група и да се биде најефикасна селекција, дури и повеќе голови постигнати од една Шпанија. Ние базата ја направивме пред три години, со овие фудбалери само ќе направиме надополнување. Што се однесува на самиот натпревар, бевме далеку подобри од противникот. Имавме шанси да постигнеме уште неколку гола и да казниме, но задоволен сум и со оваа победа“, рече селекторот Милевски.

    Македонските репрезентативци го освоија второто место со пет победи, три реми средби и два порази.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.