Селекторот и капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски и Енис Барди, на денешната прес конференција во пресрет на утрешниот дуел со Бугарија во Лигата на нации најавија тежок натпревар.
“За мене фаворитот треба да се покаже на терен. Денес, фаворити пред натпревар не постојат. Оваа група е изедначена. Единствена наша цел е да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат”, смета Милевски.
На утрешниот меч со Бугарија капитенската лента ќе биде на раката на Енис Барди.
“Имаме искуство во тимот подготвени сме да играме паметно и кога ние сме фаворити. Имаме победнички менталитет, но овие натпревари се потешки од претходните од баражот. Многу ни е важно добро да стартуваме. Успехот на селекцијата ни е најважен”, дополни нашиот креативец.

