Македонија денеска одигра нерешено со Бугарија во Разград 1:1 на стартот на Лигата на нации а нашиот селектор ,Благоја Милевски, не крие дека не е задоволен од резултатот.
„Игравме со носителот во групата и требаше да победиме. Задоволен сум од начинот на кој пристапија фудбалерите и како го одиграа второто полувреме. Не сум задоволен од резултатот“ – вели Милевски.

„Имавме повеќе ситуации да дојдеме до водство и да победиме. Во првите 15 минути ни се случи деконцентрација а тоа нѐ чинеше гол. На крајот си одиме само со бод“ – без зборовите на Милан Ристовски кој го изедначи резултатот на стартот на вториот дел.

