Селекторот на нашите фудбалери, Благоја Милевски, по денешниот пораз од Хрватска во пријатеслки меч во Ријека со 3-0, вели дека играчите мора да имаат поголема минутажа во клубовите за да можат да конкурираат за националниот дрес.
„Честитам на Хрватска за играта и за победата. Покажа дека во моментов е подобра далеку репрезентација од нас, иако ние имавме неколку одлични моменти во првото полувреме“ – вели Милевски.
„Се надевам дека играчите ќе ги решат проблемите во клубовите и со поголема минутажа ќе бидат поконкурентни и во репрезентацијата. Не сум задоволен на моменти од тактичката дисциплина и од физичката подготвеност на дел од нашите играчи“ – нагласи Милевски.

