Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, очекува полн погодок на утрешниот дуел со Исланд кој ќе не однесе во баражот за Мундијалот во Катар во 2022 година.
„Не би кажал дека ова е најтежок натпревар, сите се важни. Тоа што имаме шанса за бараж не не оптоварува, напротив не мотивира“ – вели Милевски.
„Подобро е кога решаваш сам. Се надевам дека стадионот ќе биде полн, тоа ќе биде дополнителен мотив. Имаме план како да го победиме Исланд, се надевам ќе нема индивидуални грешки како на минатиот дуел“ – изјави Милевски.