Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, се соочува со неколку кадровски пробелми пред утрешниот меч со Гибралтар во рамките на 4 коло во Лигата на Нации.
„Трајковски дефинитивно не игра, Елмас тренираше но, останува неизвесен а неколку други фудбалери се со настинка и исцрпени. Сепак, имаме обврска секогаш да го дадеме максимумот без разлика кој е противникот“ – вели Милевски.
„Со Грузија одигравме 50-60 минути, но, ни недостигаше тој завршен пас, мора да бидеме поконкретни во зоната на шут. Така беше и со Бугарија и со Грузија. Да, доминантни сме, имаме посед, имаме ситуации за гол но, мора поконкретно во третата зона“ – изјави нашиот селектор на денешната средба со новинарите.

