Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: „Ќе пробаме да ја искористиме секоја шанса за второто место“
    Фудбал

    Милевски: „Ќе пробаме да ја искористиме секоја шанса за второто место“

    risteBy riste10/11/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува натпреварот со Ерменија, дуел кој е важен за двете селекции, а со тоа е јасно дека и Македонија и Ерменија ќе одат на победа. Како никогаш досега сме блиску до пласман во баражот за пласман на Светско првенство, но за тоа ни се потребни победи во последните два квалификациски натпревари, но и среќа од исходите на останатите натпревари.

    Селекторот Благоја Милевски во пресрет на гостувањето во Ереван изјави дека неговите избраници се подготвени да ја искористат секоја шанса за да се оствари посакуваната цел.

    „И двете селекции имаат подеднакви шанси за тоа второ место. На двете селекции им треба победа. Затоа сметам дека следува одличен натпревар, овојпат многу поразличен од тој во Скопје. На тој натпревар ја имавме доминацијата, но сега очекувам сосема поразличен дуел, отворен на двете страни, затоа што победата е важна за двете селекции.  Секако дека отсуствата поради повредите на играчите од таков калибар како Адеми и Барди, а сега и Стефан Ристовски, Ракип, Јаховиќ и Николов, ни создаваат проблеми. Но, сигурен сум дека сите оние што се спремни ќе го дадат максимумот на овој натпревар. Има влијание тој недостаток, особено што не можам да сметам на сите играчи од средниот ред. Македонија е во фаза на создавање на тим, кој ќе биде костурот на селекцијата во наредните четири години. Но, сега не се откажуваме и секоја шанса за тоа второ место – ќе пробаме да ја искористиме“, рече селекторот.

    Натпреварот Ерменија – Македонија во Ереван се игра утре (четврток) од 18 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.